Естетски пирсинг
Кај нас пирсањето е уметност, не само бушење уши. Пирсингот е модна изјава, лична приказна и начин да ја истакнеш твојата автентичност.
Ти звучи познато?
- Уморна си од едноличен изглед и сакаш да додадеш личен печат со пирсинг?
- Имаш неколку дупчиња од порано, а пак увото не ти изгледа „WOW“?
- Имаш асиметрија на ушните школки која ти создава непријатност да ги откриеш, или сакаш да скриеш некој деформитет?
- Сакаш уникатен стил, постојано гледаш фотографии со идеи, ама не знаеш кој пирсинг би ти стоел најдобро?
- Ти е страв од болка, инфекции или лошо изработен пирс?
- Страв ти е да не те боцнат погрешно, да не се зарази, да не изгледа евтино?
Ако се пронајде во барем едно, ова е твојот прв чекор кон нов стил и нов идентитет, без ризик и без грешка.
Во BlingBling
- Добиваш професионален совет за стилизирање на ушите според анатомијата на твоите ушни школки.
- Добиваш јасни насоки за нега по пирсањето и целосна поддршка од нашиот тим во текот на целиот процес на заздравување.
- Користиме спреј за разладување и стерилна техника, за максимална удобност и безбедност.
- Користиме исклучиво накит од титаниум и 14к злато, материјали со највисок квалитет, совршено биокомпатибилни и најдобро прифатени од телото.
Ќе си заминеш со освежен изглед и ново ниво на самодоверба.
Закажи термин
Термините се закажуваат онлајн. Ако имаш прашање пред тоа, јави ни се.
Доверба изградена преку искуства
Повеќе на Инстаграм